Капари: заштитници на црниот дроб и бубрезите и превенција од срцеви болести и канцер

Дали сте пробале некогаш капари? Тоа се оние ситни мали плодови кои обично ги наоѓаме во рецептите за јадењата со медитеранско потекло, на кои им даваат посебно пикантна и освежителна арома. Покрај особениот вкус, капарите поседуваат и мноштво лековити својства заради кои би требало повеќе да ги употребуваме.

0
1519

Капарите растат како грмушка на бреговите на Средоземното море, но можат да се најдат на речиси сите јадрански острови.

Познати се по многу лековити својства и нутриенти поради кои спаѓаат во самиот врв на најздрави намирници на светот. Кај нас можат да се најдат закиселени и спакувани во мали теглички, во сите поголеми маркети.

Железо

Железото е еден од најважните минерали кои им помага на црвените крвни зрнца да го пренесуваат кислородот низ крвотокот и им помагаат на клетките да произведуваат повеќе енергија за да функционираме подобро во извршувањето на секојдневните обврски. Капарите содржат прилично голема количина железо, но проблем е што обично тие не се консумираат во големи количини. Сепак, можат да бидат одличен додаток во вашата здрава исхрана.

Витамин К

Овој витамин е познат по тоа што ги апсорбира мастите и што игра многу важна улога во спречувањето на создавањето крвни згрутчувања. Витаминот К се наоѓа во приилично голема количина во малите плодови на лапарите па така, една лажица капари содржи дури 31 отсто од дневните потреби за витамин К.

Заштитници на црниот дроб и на бубрезите

Во дамнешните времиња капарите биле составен дел од народната медицина и со нивсе лекувале многу болести и состојби, на прво место, анемијата, потоа артритис и гихт. Често се употребувале и против надуеност како и за стимулирање на работата на црниот дроб и се верувало дека ги штитат црниот дроб и бубрезите од разни заболувања.

Модерните истражувања ги потврдиле антиоксидативните својства на капарите заради тоа што во својот состав содржат полифеноли, а особено биофлавоноиди, а докажано е дека делуваат превентивно на болестите на кардиоваскуларниот систем и канцерогените заболувања.

Како да се користат во исхраната?

Капарите ретко се јадат како засебна намирница и обично се користат како додаток, како зачин. Главно можеме да ги најдеме закиселени во мали теглички, во речиси сите поголеми маркети. Ако сакате да пробате капари, додадете ги во салата, во сосови за тестенини, месо или риба. За почеток, базирајте се на јадења со медитеранско потекло, а кога ќе се навикнете на нивниот вкус, можете да експериментирате. Имаат многу интензивен вкус и затоа на почеток, додека не се навикнете, бидете внимателни со количините.

Фото: Pixabey