Јадевте и пак се направивте „тупан“?

Дали ви е познато она чувство кога нешто ви е толку вкусно што не сакате да престанете со јадењето иако сте веќе одамна сити?

0
327

Сакале да признаеме или не, прејадувањето е честа појава, особено ако откако ќе се прејадете на ручек се најдете и пред ново искушение – вкусен десерт.

Затоа понекогаш изгледаат смешно сите оние препораки како да се чувствувате сити и помалку да јадете. Имено, некои луѓе имаат проблем со својот гурманлук па нив не им е проблем да се чувствуваат сити, ама ситоста не им помага да престанат да јадат.

Всушност, тие едноставно толку уживаат во храната, што оброците за нив не се само потреба да ја задоволат гладта туку почесто се уживање сами за себе, без оглед дали се гладни или не.

А без оглед на тоа од која храна сте изеле премногу, последиците се вознемирени црева, надуеност, диареја, запек…Но има неколку начини на кои можете да си помогнете и да си олесните.

Цеден сок

После големата количина храна проблемот со варењето е последица од недостаток на киселина во желудникот. Во тој случај, природната киселина на портокалите може да биде корисна. За таа цел најдобар избор е цедениот сок од портокал.

Ким

Иако неколку часа после прејадувањето сигурно не размислувате за храна, а уште помалку за онаа зачинетата, имајте на ум дека зачините можат да ви го смират стомакот. На пример, кимот го стимулира црниот дроб да лачи повеќе жолч, па полесно ќе се свари преголемата количина храна.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет го стимулира варењето, но секако, не би требало да го консумирате само за себе. Помешајте лажица оцет со лажица мед и шолја вода за да го смирите стомакот. Исто така, можете и во поголема чаша вода да ставите само оцет без мед, и на тој налин да си помогнете ако имате проблем со констипацијата.

Ориз

Белиот ориз е лесен и содржи малку влакна, такашто стомакот не мора многу да се мачи за да го свари. Ден после прејадувањето, освен ориз, на менито доаѓаат предвид и тост и варени компири, кои ќе ги смират чувствителните црева.

Фото: Pixabey