Уживајте во слатките без чувство на вина

Запомнете, на вашиот желудник му се потребни 20 минути да му сигнализира на мозокот дека сте сити, па ако јадете бавно нема да посегнете по репете.

0
1500

Слатките се насекаде околу нас, па понекогаш е тешко да им се одолее. Но, тортите, бисквитите и десертите можат да бидат дел од здрав и активен начин на живот, бидејќи
и нема „добра“ и „лоша“ храна, туку се е во мерката.

Прекумерниот внес на слатки работи може сосема да ни го поремети балансот во исхраната, па значајно е да правите зрел избор.

Еве некои корисни совети:

Хранете се во боите на виножитото. Внесот на храна во различни облици, форми, големини, вкусови е одличен начин да одржите здрава и балансирана диета. Најдобриот начин да го постигнете тоа е да се обидете да ја внесете преку исхраната секоја боја од виножитото.

Третини. Секој оброк нека ви содржи третина овошје и зеленчук, третина јаглехидрати и третина протеини и млечни производи. Десертите кои содржат многу шеќер или солените грицки и чипсови треба да бидат најмалку застапени и да се јадат повремено.

Контролирајте го апетитот. Најдобар начин за тоа е да одберете овошје и зеленчук наместо слатки, односно да имате сад со свежо овошје на дофат на рака дома или во канцеларија. Исто така можете да носите суво овошје и ковчести плодови во тегличка, но внимавајте да не претерате и со нив.

Заменете ги слатките со овошје и зеленчук. Овошјето и зеленчукот се превкусни алтернативи на десертите со висока содржина на шеќер, масти или сол. Освен тоа, практични се за патување или спакувани оброци за на работа.

Вклучете смрзнати бобинки во исхраната во летните денови кога ви се јаде сладолед. Малините, капините или јаготките одат многу добро измешани со обичен или смрзнат јогурт.

Големината на порциите е важна! Послужете ги десертите на мали чинии или сладоледот во мала чашка или шолја наместо во поголем сад.

Сами пригответе ги десертите. Добро е кога сами си го правите благото дома, така ќе знаете точно што има во него. Исто така можете да ја прилагодите и дозата. Па, зошто да не инвестирате во кујнска опрема како мали калапчиња за мафини, на пример?

Целете кон 20 отсто или помалку. Десертите треба да сочинуваат само мал дел од вашиот дневен внес на калории. Внесот на слатки работи нека биде околу 20 отсто од вкупниот дневен внес на калории.

Направете го јадењето десерти посебна пригода. Уживањето во десертот направете го посебна пригода, наместо да крадете директно од теглата или од пакувањето. На тој начин ќе бидете посовесни околу тоа колку сте изеле.

Бидете свесни. Јадете бавно и спуштајте ги виљушката или лажицата додека џвакате. Запомнете, на вашиот желудник му се потребни 20 минути да му сигнализира на мозокот дека сте сити, па ако јадете бавно нема да посегнете по репете.

Кога и покрај се, здравите замени нема да ве заситат, можете да посегнете кон стандардните десерти како парче торта, бисквити или чоколадо – само погрижете се да не претерате. Како и за се во животот, клучот е во балансот. Нема ништо лошо во повремено уживање во омилените закуски и десерти, се што треба да направите е да одржувате баланс во исхраната.