Состојки:
3 3/4 шолји плус 1 лажица брашно
1 сув квасец
2 лажици морска сол
1 1/4 шолја млака вода
3 лажици стопен и потоа изладен путер
3 лажици сода за алкалниот раствор
Крупна морска сол
Приготвување:
- Измешајте ги брашното, квасецот и солта во голем сад.
- Во средно голем сад измешајте ги водата и путерот – мешавината треба да е млака. Додадете ги во мешавината со брашно и изматете со миксер и со маталките за тесто. Ако е тестото лепливо додадете уште брашно. Продолжете да месите со раце се додека не добиете мека и еластична топка тесто. Покријте ја со крпа и оставете ја на топло околу 60 минути додека не нарасне двојно.
- Кога ќе нарасне, премесете го тестото и поделете го на 10 еднакви делови. Набрашнете ги рацете и почнете да ги обликувате пецивата, а потоа оставете ги покриени со крпа уште 20-тина минути.
- Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе две тепсии за печење такашто ќе ги обложите со хартија за печење.
- Во големо тенџере, доволно широко за да собере две пецива, ставете 4¼ шолји вода и сода бикарбона и почекајте да зовријат. Кога ќе се направи пена, со лажица полека ставете две од приготвените пецива во зовриената мешавина и варете ги по 30 секунди од двете страни, а потоа вадете ги и редете ги врз хартијата за печење. Повторете ја постапката со сите 10 пецива (две по две). Направете крст такашто ќе ги засечете со нож и поросете ги со крупна морска сол.
- Печете ги околу 15 минути или додека не добијат убава златно кафена боја. Уживајте во топлите пецива со путер.