Како да се користи чиа семето?

Помеѓу бројните нови трендови здрава храна, се појавија и чиа семките чија нутритивна вредност им го обезбеди називот Супер храна.

0
9590

Чиа семето содржи 9 есенцијални аминокиселини кои се потребни за изградба на мускулите. Исто така, богати се со Омега-3 масни киселини, калциум, железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк. Речиси 90 отсто од јаглените хидрати кои ги содржи чиа семето се влакна. На влакната за разградување не им е потребен инсулин па не го покачуваат шеќерот во крвта. Сето ова е причина поради која чиа семето се нарекува супер храна.

Еве како се можете да го користите чиа семето.

Важно е да се напомене дека чиа семките ја впиваат течноста и дека можат да го зголемат својот обем и до 10 пати.

Како додаток

Лажичка чиа семе можете да додадете во своите овесни снегулки, во јогурт или да ја поросите салатата. Една лажичка содржи само 65 калории, а обезбедува 54 отсто од дневните потреби за Омега-3.

Чиа смути

Чиа семето нема да го смени вкусот на напитокот, само ќе му даде уште подобра и погуста текстура. Освен тоа, ќе го збогати напитокот за 3,4 г влакна, 80 отсто од потребната дневна количина на витамин К и 63,1 мг калциум (1 лажица).

Чиа јајце

Заради можноста за впивање на течност чиа семето е идеална замена за лицата нетолерантни на јајца, за веганите и за оние кои сакаат да си го подобрат здравјето. Една лажица чиа семе ставете во блендер на неколку секунди. Потоа во смесата додадете 3 лажици вода и измешајте. Оставете да стои 5 минути или измешајте во блендер неколку секунди. Чиа јајцето ќе има текстура како вистинско јајце што овозможува да го користите за печење на мафини, колачи, пецива и слично. Ако сакате повеќе јајца, само зголемете ја количината на чиа и вода (1:3).

Чиа пудинг

Во сад ставете ¼ шолја чиа семе, додадете 1 шолја бадемово млеко. Ставете 1 лажичка екстракт од ванила и додадете мед или јаворов сируп. Ако сакате додадете цимет. Добро измешајте, поклопете и оставете го во фрижидер да отстои преку ноќта. Наутро уживајте во здравиот вегански појадок. Пудингот можете да го поросите со кокос, бадеми и слично.

Како додаток на брашно

Ако сакате да го збогатите својот леб, палачинките или вафлите со лажица здравје, ставете во блендерот чиа семе, смелете го и додадете го во брашното што го користите. Препорачуваме во рецептот да вклучите и чиа јајце.

Чиа гел за мармалад

Во 50 мл топла вода додадете 1 лажица чиа семе. Оставете да стои преку ноќ

Во фрижидер. Добиениот чиа гел ставете го во блендер со свежо овошје по ваша желба, и користете го како мармалад.

Детоксикациски чиа напиток

Направете чиа гел, ставете го во стаклено шише и додадете 1 шолја вода и 1 шолја органски, незаблажен сок по ваша желба. Добро изматете и напитокот за детоксикација е готов!

Чиа енергетски плочки

Плочките се извонредни како оброк пред или после напорното вежбање. 12 урми без семки процесуирајте ги во блендерот околу 30 секунди (додека не добиете хомогена смеса). Во сад ставете урми, 70 г чиа семе, 2 лажици кокосово масло и ½ лажичка цимет. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа смесата размачкајте ја врз хартија за печење во тепсија и оставете ја во фрижидер 3-4 часа. Со нож исечете 8 еднакви плочки.

И на крајот, освен како храна, чиа семето можете да го користите и за пилинг. Помешајте ¼ шолја кокосово масло, 1 лажичка сок од лимон и 1 лажица чиа семе. На мокро лице ставете од смесата и со кружни движења масирајте го лицето, а потоа почекајте 2 минути додека смесата не се стврдне. Измијте се со млака, а потоа и со ладна вода. Оваа смеса можете да ја чувате во фрижидер неколку дена (3-5).