Оние кои неодамна престанале да пушат, но и сите пушачи, би требало што побргу да ги воведат во менито намирниците кои ќе помогнат никотинот таложен со години побрзо да се исфрли од организмот. Познато е и дека на зависниците од никотин им недостасуваат многу витамини и минерали, затоа што пушењето негативно влијае врз способноста за нивна апсорпција од храната.
Оваа лоша навика најмногу влијае на намалување на количината на витамин Ц и колку е поголем бројот на испушени цигари во текот на денот, сѐ помалку го има во организмот. Затоа на пушачите им се потребни дневно 2.000 милиграми витамин Ц кој може да се обезбеди со редовно земање на овошје и зеленчук.
Европските стручњаци истражиле дека пушачите кои го зголемиле внесувањето на зеленило и на овошје, ја намалуваат можноста за заболување од рак на белите дробови за 23 отсто. Посебно позитивно влијание на здравјето на никотинските зависници имаат коренестиот и лиснатиот зеленчук, зелката. Лукот, кромидот и печурките.
Наполнете го фрижидерот со намирници со зелена боја како што е спанаќот, магдоносот, кељот, бркулите, блитвата. Тие го чистат телото од разни хемиски отрови од околината, смог, никотин, пестициди, тешки метали, и се многу корисни за детоксикација на црниот дроб. Освен тоа, спанаќот и брокулите се богати со фолна киселина која значително побрзо се троши во организмот на пушачите.
Портокал
„Тазе“ непушачите со појадокот би требало да се напијат свежо цеден сок од портокал затоа што содржи доста витамин Ц, кој на организмот му ја дава неопходната енергија. Витаминот Ц помага и во производството на карнитин кој ги претвора маснотиите од храната во енергија. Се покажало и дека киселкастиот вкус на овој напиток најефикасно ја елиминира желбата за првата утринска цигара.
Јаболко
Едно јаболко на ден се препорачува за здравје на срцето, но бидејќи ова овошје содржи посебен вид на влакна кои му помагаат на телото да се исчисти од тешките метали, се препорачува и за чистење на организмот.
Лимон
Лимонот ослободува ензими кои помагаат во излачувањето на токсините и го снабдува телото со неопходните витамини А, Е и Ц. Секое утро пред појадок испијте чаша млака вода со сок од еден лимон и со лажичка мед.
Пченка шеќерец
Оваа намирница содржи бета-криптоксантин, силен антиоксиданс кој ги штити белите дробови од карцином.
Зелен чај
Кај пушачите, клетките ја губат неопходната вода па организмот многу побрзо дехидрира. Зелениот чај е одличен избор заради своите антиоксидативни својства. Помага за снижување на нивото на шеќер во крвта, а препорачливо е да се зема по една шолја зелен чај наутро и на пладне. Со пиењето поголеми количини ќе се подобри лимфната дренажа и исфрлањето на никотинот од телото.
Ѓумбир
Ова е, покрај куркумата, еден од најздравите зачини. Помага во функцијата на метаболизмот, учествува во ослободувањето на телото од токсини, особено од белите дробови и ја јакне функцијата на црниот дроб. Доволно е парче свеж ѓумбир да се додаде во сите главни оброци, или да пиете чај од коренот на оваа билка, што ќе го подобри дишењето.
Борови иглички
Чајот од борови иглички се користи традиционално за испирање на устата и грлото, а се препорачува и како напиток кој помага во борбата против рак на белите дробови.
Морков
Никотинот ја уништува и а суши кожата, а свежиот морков најбрзо ќе ја обнови. Содржи големи количини витамини А, К, Ц и Б кои се главни „собирачи“ на остатоците од никотино. Можете во соковник да исцедите морков, јаболко и лимон или да додавате рендан морков во секоја салата.
Фото: Pixabay