Како да ги чувате компирот и кромидот на правилен начин

0
1115

Знаете дека компирите и кромидот не смеат да се чуваат во фрижидерот, но, лесно е да се помисли дека тие можат да се складираат заедно во оставата или во корпата за зеленчук. Чувањето на компирите и на кромидот на исто место не е најдобра идеја.

Може ли да ги складираме компирите и кромидот заедно?

Секако, компирите и кромидот се вкусни кога се комбинираат заедно во оброците, но треба да се чуваат далеку едни од други.

Зошто? Вашиот кромид произведува и испушта гас од етилен, кој го забрзува процесот на созревање и може да предизвика компирите кои се во близина да изгнијат или да изникнат побрзо. (Сепак, лукот, може безбедно да се чува заедно со кромидот без страшни несакани ефекти.)

Како да чувате компири

Вашиот компир треба да се чува на ладно, темно и суво место, како на пример во килер или во шкаф. Користете контејнер за складирање кој е добро проветран, како на пример гајба, картонска кутија со дупки или кој било контејнер кој ќе овозможи испарување на вишокот на влага. Чувајте го садот покриен за да го блокирате светлото и да ги спречите да никнат.

Како да чувате кромид

Кромидот, исто така, треба да се чува во проветрен простор. Можете да го задржите во хартиена кеса или во плетена кошница. Не е потребно да се чува во фрижидер, бидејќи студената температура брзо ќе ја омекне нивната текстура.

И не ги заборавајте останатите намирници кои ги расипувате чувајќи ги во фрижидер. Освен компирите и кромидот, тоа се: дињата, доматите, лукот, кафето, босилекот и лутите сосови.

Фото: Pixabay