Kога купувате јаболка, обрнете внимание на петелката

Покрај вкусот, кога стојат јаболката ја губат и хранливата вредност, па затоа пред да ги купите треба да проверите дали се навистина свежи.

0
552
Фото: Pixabay

Доколку немате домашни јаболка, веројатно спаѓате во групата на оние кои ги купуваат во големите маркети, а во тој случај тешко е да бидете сигурни во свежината на овошјето бидејќи голем дел од нив лежат во ладилници со месеци, па и цела година чекајќи го своето место на полиците.

Покрај вкусот, кога стојат јаболката ја губат и хранливата вредност, па затоа пред да ги купите треба да проверите дали се навистина свежи.

За да знаете какви јаболка купувате, пред сè, обрнете внимание на петелките. Ако петелката долго стоела што е често случај со увозните, тогаш е темнокафеава и сува и лесно паѓа, додека кај свежите јаболка е речиси невозможно да се откине.

Покрај тоа, ќе ја препознаете по зеленкаста боја. Дополнително, црвливите дупченца не се најрелевантниот показател за тоа дали јаболкото е третирано или не, бидејќи црвот може да влезе во јаболкото и помеѓу третманите, особено ако се работи за неагресивни пестициди. Многу е важно сите јаболка добро да се измијат пред консумирање.