Исландските љубители на пиво од неодамна можат да уживаат во вистински мал рај – пивски спа центар. Овој релаксирачки комплекс се состои од бројни пивски бањи, на отворено и во затворено, а сето тоа, секако, најдобро оди со чаша пиво во рака.
Така посетителите на Бјордбодин можат да уживаат дури во девет различни бањи од кои седум се наоѓаат во внатрешниот дел од спа центарот, а седум од нив можат да се одберат во склоп на терапиите кои центарот ги пружа. Освен тоа, тука се уште и два пивски базени на отворено во кои среќниците кои ќе успеат да го добијат својот термин можат да уживаат во фантастичен поглед на исландската природа.
Секој базен е наполнет со пиво, вода и квасец затоа што токму овие состојки се сметаат за здрави за кожата и косата.
Освен релаксирачки бањи, Бјорбодин центарот нуси и соби за опуштање. Во целиот центар важи само едно правило – течноста од базените не се пие. Сепак, за сите оние кои се жедни спа центарот нуди можност за купување на домашно исландско пиво за опуштањето да биде комплетно. Исто така, на гостите им е на располагање и ресторан во кој можат да се окрепат пред или после самиот третман.