Фестивал на чајот „Tea world“ в сабота во Јавна соба

„Tea world“ е мотото на Фестивалот на чај што во организација на МРК Дијалог утре ќе се одржи во Јавна соба во Скопје.

0
264

„Tea world“ е мотото на Фестивалот на чај што во организација на МРК Дијалог утре ќе се одржи во Јавна соба во Скопје. Во рамки на Фестивалот ќе има презентација и дегустација на чај, ботаничка работилница „Хербариум“ организирана од Истражувачкото друштво на студенти биолози, Арт корнер „Алиса во земјата на чудата“ на Центарот за обука „ЕВА“, како и музички перформанс „Ишарет“.

Настанот, како што посочуваат организаторите, треба да ги здружи љубителите на чај и експертите од неколку компании за чај, претставници на интернационалните културни претставништва, од Институтот Конфуциј, како и од Турскиот културен центар Јунус Емре од Скопје.