Што има на менито на една од вечерите подготвени од Миси Онион?
Погледнете и уживајте.
Домашен леб – Чијабата. Велат дека токму тој бил еден од највкусните елементи на масата.
„Обично се потребни напор и посветеност за да се добие совршен леб, но изненадувачки е дека чијабатата беше најлесно да се направи. Впрочем, сето тоа бара само трпение“.
Салата од цвекло, рукола, црвен портокал, калинка, моцарела, прелиени со мед, малку портокалова кора и екстра девствено маслиново масло.
Нема ништо како парче совршено печен лосос надополнет со прокељ, Беарнез сос и ореви.
И за десерт – француски макаронси со чоколадо. Мислиме дека нема потреба да објаснуваме колку биле вкусни. Фотографијата зборува за себе.
Фото: Драган Митрески