Еликсир од ѓумбир и лук

0
2376

Еликсирот од мед, ѓумбир, лимон и лук е нешто што можете да го направите еднаш и да го користите кога сакате, бидејќи неговиот рок на траење е неограничен. Сите состојки се исклучително здрави. Медот е познат по своето антибактериско дејство, ја чисти крвта и ја подобрува крвната слика и го намалува холестеролот. Во комбинација со ѓумбир и лук делува извонредно во превенција на грип и настинки.

Лукот поседува чудесни антибактериски, анти-вирусни, антигабични, анти-паразитски и антиоксидантски својства. А ѓумбирот е одличен за сите органи, но пред сѐ, за варењето, белите дробови и срцето.

Состојки:

6 чешниња лук

6 цм ѓумбир (3 големи лажици)

2 лимони

Мед

Приготвување:

Исечкајте ги ситно лукот и ѓумбирот. Колку поситно, толку подобро, затоа што така испуштаат повеќе лековити сокови. Ставете ги во тегла заедно со лимонот исечен на кришки (ако најдете непрскани лимони, додадете ја и кората. Прелијте со сокот од другиот лимон а потоа сѐ прелијте со мед така за да ги прекрие сите состојки.

Оставете да отстои на собна температура една недела пред да почнете да го употребувате. Потоа, ако сакате процедете го низ газа, иако, доколку не ви пречи, оставете го така како што е и јадете сѐ заедно. Можете да го јадете и сам за себе, но и како прелив за салата, по неколку лажици дневно. Во тој случај додадете и малку сува мајчина душица и рузмарин.