Доброто вино е како добра книга, претстава, слика…

Винаријата „Тиквеш“ ја носи во Македонија престижната англиска школа за вина и јаки алкохолни пијалоци WSET која своето 50-годишно искуство ќе го пренесе преку врвни и искусни вински едукатори

0
201

„Зголемете го Вашето познавање за вината од целиот свет и демистифицирајте ја винската култура. Нека биде Ваша нова силна страна.

Доброто вино претставува уметност и припаѓа на еднакво културолошко ниво со операта, добрата книга, театарска претстава или слика“, велат од винаријата „Тиквеш“ која ја носи во Македонија престижната англиска школа за вина и јаки алкохолни пијалоци WSET (Wine and Spirits Education Trust) која своето 50-годишно искуство ќе го пренесе преку врвни и искусни вински едукатори, за првпат во Македонија.

„Тиквеш“ Ви го претставува „Вински eдукатор“www.wineeducator.mk.

Фото: Pixabey