„Зголемете го Вашето познавање за вината од целиот свет и демистифицирајте ја винската култура. Нека биде Ваша нова силна страна.
Доброто вино претставува уметност и припаѓа на еднакво културолошко ниво со операта, добрата книга, театарска претстава или слика“, велат од винаријата „Тиквеш“ која ја носи во Македонија престижната англиска школа за вина и јаки алкохолни пијалоци WSET (Wine and Spirits Education Trust) која своето 50-годишно искуство ќе го пренесе преку врвни и искусни вински едукатори, за првпат во Македонија.
„Тиквеш“ Ви го претставува „Вински eдукатор“: www.wineeducator.mk.
Фото: Pixabey