Дали сте за ручек зад решетки?

Пред неколку години беше во тренд да се помине викенд во затвор, а сега во понудата е и нешто поблага верзија.

0
312

Гастро авантуристите го посетуваат индискиот „Central Jail Restaurant“ кадешто се јаде зад решетки, во сиво и по малку филмско опкружување. Ѕидовите се голи, а единствен извор на светлина се светилките од сијалиците кои висат на обично јаже. Оние кои ќе се одлучат за ручек во сопствена келија, со келнерот во стражарска униформа комуницираат низ малечки отвори.

Искуството сепак не е автентично бидејќи на чиниите има многу повеќе храна отколку во типичен индиски затвор, а покрај својата традиционална кујна ја нудат и кинеската. Просечен ручек за две лица чини 700 рупии, односно околу 600 денари, но гостите не се претерано задоволни од храната. Очигледно повеќе внимание се посветува на искуството на ручање или вечерање во затворска ќелија отколку во самото подготвување на храната.