Дали сировата исхрана е здрава како што се зборува?

Дали исхраната со сирова храна (raw food) е само помодарство или навистина има непобитни докази дека за здравјето и превенцијата на болести сировата храна е навистина покорисна од готвената?

0
784

Некои корисни материи ги има повеќе во сировата храна и не се инактивирани со термичка обработка, но во готвената е намален бројот на бактерии и количината на пестициди…Во двобојот „За и против“ својот став го објаснуваат двајца стручњаци.

Зa: Викториа Бутенко, авторка на книги за добрите страни на термички необработената храна за здравјето.

Целта на сирова исхрана е да ги обезбеди сите важни нутриенти и минимално да го оптовари системот за варење, а основата е свежата прродна храна, овошје, зеленчук, јаткасти плодови, алги, никулци, свежо цедени сокови… Готвената храна во сиројадството се смета за празна затоа што со загревањето се губи или семенува структурата на витамините минералите, ензимите и влакната и не би смеела да се изложува на температура повисока од 46 степени Целзиусови.

Исхраната со исклучиво сирова храна не е сосема нова идеја. Таквата исхрана почнала да се промовира во средината на 19.век кога Силвестер Грахам ја заговарал идејата дека луѓето никогаш не би биле болни само кога би консумирале исклучиво неварена храна.

Најголем недостаток

Raw food“ подразбира внимателно планирани и смислени оброци, во процесот на приготвување на храна влегуваат миксирањето, цедењето, маринирањето, ферментирањето, клиењето, натопувањето (на пример, мешунките и житарките треба претходно да се натопуваат зада ферментираат и да омекнат затоа што во спротивно, ако не се варат, организмот не може да ги свари.

Затоа овој начин на исхрана изгледа покомплициран, но обезбедува најмногу прехранбени влакна, повеќето минерали и витамини и особено антиоксидативни фитохемикалии. За најголем недостаток се смета недостатокот од витамин Б12, железо и омега 3-масни киселини, но една од најпознатите истражувачки и заговорници за сирова храна, Викториа Бутенко, истакнува дека и тоа може да се реши затоа што сировата исхрана е сепак најздрава исхрана.

Најголемиот дел од исхраната нека се темели на лиснат зеленчук кој есупер храна и ги исполнува сите прехранбени потреби. Мојот сопруг, нашите две најмлади деца и јас, од јануари 1994.година се храневме исклучиво со сирова храна, подолго од 11 години. На таа радикална исхрана преминавме од очај, откако лекарите ни кажаа дека нема изгледи да се опоравиме од нашите ужасни болести – сопругот страдаше од болести на штитната жлезда и тежок облик на артритис, ќерката од астма, а синот од дијабетес тип 1. Јас имав прекумерна тежина и срцева аритмија. Општото здравје ни се поправи кога трајно го исклучивме шпоретот и престанавме да готвиме. Меѓутоа, после неколку години исхрана со сирова храна сите почнавме да чувствуваме како да сме дошле до ниво на кое нашиот процес на оздравување запре, па дури и тргна малку наназад. Почнаа да се појавуваат несааните знаци на несовршено здравје како што се брадавица на раката или побелена коса, кои внесуваа сомнеж во целовитоста на исхраната со сирова храна. Тогаш почнав да прибирам податоци за сите видови на храна која ја јадат луѓето и заклучив дека јадеме премногу малку зелен зеленчук. Тој би требало да опфаќа до 50 отсто од нашата исхрана.

Повеќето луѓе на сирова храна консумираат големи количини овошје, јаткасти плодови и семки, но одлучивме да се обидеме со повеќе зеленило. Безброј пати се терав да јадам големи количини зеленило во облик на салата илисамо зеленчук, но само за да заклучам дека физички не сум во сстојба да го направам тоа. После отприлика две шолји сечкано зеленило добивав киселини или мачнина. Потоа открив дека мешањето на зеленилото со одредено овошје, на пример со банана, го прави неговиот вкус боженствен. После отприлика еден месец пиење зелени кашести сокови,ми отпаднаа двете бемки кои ги имав од детството и брадавицата. Чувствував дека имам повеќе енергија и исчезна онаа силна потреба за тешка храна како јаткастите плодови или крекерите која претходно ја чувствував повремено, особено навечер. Забележав дека многу брчки ми исчезнаа и почнав да добивам комплименти оддругите луѓе дека изгледам свежо. Ноктите ми се зацврстија, видот ми се изостри…“, вели Викториа Бутенко.

Сѐ што е можно да се направи во класичната исхрана, додава, можно е и во сировата исхрана, а сѐ повеќе луѓе преминуваат на сирова исхрана.

Против: Ричард Врангам, биолог и антрополог, автор на книгата „Да се завладее со огнот“.

Термичкатаобработка на храната традиционално се користи во сите познати современи човечки култури. Исхраната само со овошје и зеленчук доведува до недостаток на цинк и железо, можно е губење на коскената наса, недостаток на омега-3 масни киселини…

На организмот, освен витамини, минерали и антиоксиданти од овошјето и зеленчукот, потребни му се и есенцијални аминокиселини и масти од животинско потекло.

Ослободување на хранливи материи

Освен тоа, иако е многу здраво да се вклучат многу сирови намирници во исхраната, сепак некои мораме и да ги готвиме за да ослободиме од нив повеќе хранливи материи и да ги неутрализираме природните отрови кои некои намирници ги содржат. Начелно, житарките, мешунките и одредени видови зеленчук треба да се варат. Правилно сварен спанаќ, кељ, домати или на пример, моркови, имаат повеќе нутритивни вредности и се полесно сварливи. Лицата кои имаат намалена функција на штитната жлезда би требало да избегнуваат сиров зелкаст зеленчук затоа што содржи гоитрогени, хемиски материи кои го блокираат производството на хормоните на штитната жлезда. Спанаќот, блитвата, магдоносот и листовите од цвекло содржат оксална киселина, која може да биде иртирачка за варењето, па се препорачува тие намирници да се готват на пареа или накратко со млеко. Исто така, можат да ја блокираат апсорпцијата на железо и калциум и да доведат до создавање на бубрежни камчиња.

Нема цврсти докази базирани на клинички истражувања кои би потврдиле дека сировата храна е поздрава од готвената. Постојат низа студии кои покажуваат поволен внес на овошје и зеленчук, вклучувајќи ги сировите, на низа показатели за здравјето, но не и за исклучиво сировата исхрана. Лековитото дејство на исклучиво сирова храна врз малигните болести не е докажано, а нутриционистичката вредност на сировата храна кај пациентите со малигни болести е неизвесна. Долгорочно, сиројадството може да биде и лошо за здравјето. Биологот и антрополог Ричард Врангам истакнува дека токму готвењето има централно место во биолошката и друштвената еволуција на човештвото. Во својат книга утврдил дека готвењето не претворило во луѓе и дека е то далеку од првобитната идеја дека мораме да се прехраниме.

Правејќи ја храната полесно сварлива, готвењето овозможило намалување на нашите вилици и заби, а новонастанатите калории го нахраниле нашиот проширен мозок. Но готвењето исто така и не поврзало, не научило да се собереме околу иста маса и го ослободило човештвото од повеќечасовното преџвакување на истата намирница, иако истовреено и го приковал женскиот род за шпоретот. Клучниот период во развојот на човекот е она од пред 1,8 милиони години, кога нашите претци го откриле огнор и почнале да готват. Тие иновации довеле до анатомски и психички промени кои не прилгодиле на готвена храна, баш така како штоеволуцијата, на пример, ги прилагодила кравите на јадење трева“, смета Врангам.

Исхраната со сирова хранае сиромашна со калории, брзо доведува до губење на килограмите па треба да се внимава на одржувањето на телесната тежина. Приврзаниците на „raw food, освен ако не се вегани, јадат месо, јајца и риба. Омега-3 масните киселини настојуваат да ги внесат преку јаткастите плодови, меѓутоа, во дневниот внес на калории не би смеело да се најдат повеќе од 10 отсто од вкупната количина калории од јаткастите плодови.

Навистина, сировата исхрана го зголемува внесувањето на растителни влакна, севнесува помалку сол, се зголемува внесот на алкален калиум, што може да спречи развој на карцином и болести на крвотокот, но од друга страна може да се покаже и како непрактична и рестриктивна.

Што мислите вие за сировата исхрана? Дали неправедно се третира како поздрава алтернатива за термички обработената храна? Дали мислите дека овој начинна исхрана е правилен? Какви се вашите искуства?

Фото: Pixabey