Стручњаците урнале 6 најчести митови за храната

Дали зелените пиперки се отровни? Губи ли вашиот организам премногу течности ако пиете кафе? Во кој период од денот  најдобро да се јаде? Поплавата од митови за здравата исхрана збунува многумина меѓу нас. Еве што велат германските стручњаци за 6 популарни уверувања.

0
838

Членовите на германското здружение за исхрана (DGE) велат дека кон многу митови за исхраната би требало да се има здрава доза на скептицизам, како и да се настојува да се утврди дали има во нив и зрнце вистина.

Мит: Црниот леб е секогаш поздрав од белиот?

Помеѓу производите од житарки, како лебот, тестенините, оризот и брашното најздрави се оние од полно зрно, вели Силке Рестемејер од DGE.

„Намирниците од цело зрно ви гарантираат многу подолго чувство на ситост, а истовремено содржат повеќе хранливи материи од производите од бело брашно.

Сепак, важно е да се истакне дека не е баш секој вид на црн леб или оној со семки направен од цело зрно. „Некои видови леб ја добиваат кафената боја благодарение на екстрактот на сладот кој се додава во него, а во некои видови леб од семки има само семки од сончоглед.

Мит: Зелените пиперки се отровни

Незрелите пиперчиња содржат соланин. „Станува збор за отров кој ја штитат билката од штетници„, објаснува Харалд Сајц од DGE. Кога консумираат премногу зелени пиперчиња некои лица можат да почувствуваат симптоми како поблаги главобоки или болка во желудникот. Меѓутоа, возрасна личност би морала да изеде многу голема количина зелени пиперчиња за да им се појават сериозни здравствени проблеми.

Мит: Кафето е диуретик па неговото испивање влијае на губењето премногу течности.

„Не е штетно со шолја кафе да се испие и чаша обична вода, но не е неопходно потребно“, вели Рестемејер. Кафето, како и останатите напитоци спаѓа во дневната количина течности кои му се потребни на вашиот организам.

Мит: Замрзнатиот зеленчук може да се чува „засекогаш“

„Замрзнувањето на намирници е одличен начин некои видови храна да се зачуваат на подолг период“, вели Рестемејер. Кога храната се чува на минус 18 степени повеќето хранливи материи, вкусот, но и изгледот, остануваат недопрени.

Но со време сепак доаѓа до разградување на намирниците, што значи дека длабоко замрзнатата храна во еден момент повеќе нема добар вкус. Совет: „На амбалажата запишете го датумот кога сте ги замрзнале намирниците, содржината и количината, па ќе знаете точно колку е стара“.

Мит: Ако јадете доцна навечер ќе се здебелите

„Ако секојдневно јадете храна бгата со калории ќе добиете на тежина. Ако во организмот внесувате премалку калории, ќе губите на тежина“, едноставно објаснила нутриционистката Моника Бишоф. За лицата кои спаѓаат во група луѓе со нормална тежина ирелевантно е во кое време јадат. „Но ако личноста сака да изгуби на тежина, би било добро да се обиде да престане да јаде пред спиење или ноќе“, вели Бишоф и додава дека на некои луѓе им е поедноставно да го прескокнат оброкот во вечерните часови отколку во текот на денот.

Мит: Дигестивите после јадење го поттикнуваат варењето

Убаво е оброкот да се заврши со мала чашка ликер или ракија, но тоа нема да му помогне на вашето варење, вели Рестемејер. Имено, алкохолот го поттикнува проиводството на желудочна киселина, а таа го стимулира настанокот на ензими кои помагаат во варењето на белковините. Дигестивот, односно алкохолот лошо влијае прекумерната чувствителност на желудочните нерви.

Дигестивите не помагаат во процесот на варење на масната храна, додава Рестемејер. Најчесто алкохолот во системот за варење се преработува многу побрзо од мастите.

Фото: Pixabey