Доколку фрлите поглед на било што во вашиот фрижидер или во кујнските плакари, ќе видите на производите, без оглед дали е тоа на етикетата или на самата амбалажа од производот неколку различни датуми. Често ќе ги видиме термините „Sell By“, „Best By“ или „Use By“ односно, „За продажба до“, „Најдобро доколку се употреби до“ или „Употребливо до“, за да се означи кога оваа храна веќе не е безбедно да се јаде. Но, кога ќе видите неколку од овие термини, сите со различни датуми, веројатно сте збунети.
Еве што значат тие.
Ако „Best By“ ви дава една недела, но „Sell By“ е само до утре, кој датум треба да го земете предвид? Понекогаш погрешниот избор може да има катастрофални последици, но зошто да избегнувате купување на храна затоа што не сте сигурни кога всушност истекува нејзиниот рок.
За среќа, прехрамбената индустрија одлучи да ги расчисти овие дилеми на потрошувачите после 40 години на недоумици.
Неодамна, Институтот за маркетинг на храна и Асоцијацијата на прехранбени производители, двете најголеми трговски групи во трговијата за прехранбени производи, објавија дека тие ги охрабруваат производителите да користат две од можни десет фрази кои се употребуваа досега, од „expires on“ до „better if used by“, па наместо нив да користат само две: „Use By“ и „Best if Used By“.
И што е уште подобро, двата термини имаат специфични значења. Фразата „Use By“ („Употребливо до“) е наменета да се покаже од кој датум расипливата храна повеќе не е добра. „Best By“ („Најдобро доколку се употреби до“) е опишувач на квалитетот – во основа тоа подразбира дека овој датум е оној до кој производителот смета дека производот треба да се консумира за да го има најдобриот вкус.
Ова најново значење на „Best if Used By“, всушност и не е сосема ново, бидејќи повеќето од „Use By“ датумите сега значат токму тоа. Како и да е, истражувањата покажале дека многу потрошувачи веруваат дека овие датуми означуваат декадека е дотогаш во ред производот да се консумира. Во реалноста, сосема е во ред производот да се јаде и после датумот под „Used By“.
И здруженијата за заштита на природата апелираат да се расчистат овие термини за да се намали непотребното фрлање на храна и да се намали количината на отпадоци од храна. Имено, ако мислите дека храната не е добра по истекот на рокот (а во реалноста тоа само значи дека до тој датум производот има најдобар вкус), тогаш ви се случува предвреме да ја фрлите храната.
Ова не само што е непотребно трошење на храната, туку ги троши и парите на потрошувачите, зазема простор во депониите и придонесува за емисијата на гасови.