Дали нула-отпад продавниците за храна се новиот начин на купување?

Во некои продавници за храна со нула-отпад ширум светот, се продаваат на овој начин (храната која се купува се мери во сопствени садови за складирање на купувачите или во нови што може да се рециклираат), дури и мед кој се полни од славина, а на истиот начин може да се купат и пиво и вино. Има ли кај нас продавница која функционира на овој начин?

0
116

Нова година, нови начини за спасување на планетата. Барем тоа е она што го чувствуваме кога станува збор за последниот еколошки тренд, продавниците за храна со нула-отпад.

Ширум светот сѐ повеќе и повеќе трговци се на мисија, не само да се намали количината на пакување на храната и производите во продавниците, туку целосно да се елиминира пакувањето за еднократна употреба.

Со тоа што им нуди на луѓето можност да купуваат намирници во сопствените кутии, тегли и други садови за чување на храна или да купат нови што може да се рециклираат, овие нови продавници би можеле да го сменат начинот на кој купуваме.

Храната и пакувањето на производот, како што се пластични кеси, шишиња и кутии, сочинуваат речиси една четвртина од ѓубрето во американските депонии. Не е ништо подобро ниту кај нас и воопшто, ширум светот. Според ЕПА, овој отпад е исто така поголемиот дел од ѓубрето кое завршува загадувајќи ги водите и плажите.

Во ваквите продавници купувачите ги полнат своите контејнери или чанти, а потоа храната им се мери и купуваат само толку колку што им е потребно.

Во некои продавници за храна со нула-отпад ширум светот, се продаваат на овој начин, односно, на мерење, дури и кокосово масло на пример, или мед кој се полни од славина, а на истиот начин може да се купат и пиво и вино.

Исто така, постојат средства за чистење, за нега на телото и етерични масла, без амбалажа.

Нула-отпад е филозофија која поттикнува редизајн на животните циклуси на ресурсите за да се овозможи повторна употреба на производите. Целта е ѓубрето да не се праќа на депонии или да се пали. Се препорачува постапка која е слична на начинот на кој ресурсите се користат во природата.

Дефиницијата која ја прифатила Интернационалната алијанса за Нула-отпад (Zero Waste International Alliance – ZWIA) гласи:

„Нула-отпад е цел која е етична, економична, делотворна и визионерска, која ги води луѓето кон промена на животниот стил и пракса на начин на кој би ги имитирале одржливите природни циклуси, кадешто сите отфрлени материјали се дизајнирани така за да можат да станат ресурси  за употреба на други“.

Засега, најделотворен е системот за рециклирање на Шведска кој е толку револуционерен што оваа земја веќе неколку години увезува отпад за да успее да ги пополни капацитетите на своите рециклажни системи, пишува Индепендент.

На депониите во Шведска веќе седма година по ред завршува помалку од еден отсто од нејзиниот отпад, а сѐ друго се рециклира.

За споредба, целта на Европската унија е да се подигне нивото на рециклиран отпад на 50 отсто до 2020.година. Имајќи ја предвид оваа цел, владата на Обединетото Кралство вложува стотина милиони фунти во изградба на рециклажни систем и фабрики за добивање на енергија од отпад. Но голем дел од отпадот се извезува во Шведска.

Шведскиот систем за стопанисување со отпадот е револуционерен поради длабоко вкоренетата шведска култура на грижа за средината.

Така, Швеѓаните биле меѓу првите кои во 1991.година вовеле строг данок на фосилни горива, а денеска речиси половина од електричната енергија ја црпат од обновливи извори.

Целта на Шведска не е да го рециклира отпадот, туку да го намали неговото настанување. Веќе со години Шведска  спроведува национална кампања која заговара поправање, делење и повторно користење на предметите.

Дали кај нас постои продавница за храна која функционира на овој начин?

Фото: Sylvie Tittel on Unsplash