Состојки:
3 чешниња лук
0,3 дл маслиново масло
2 кг дагњи
Малку сол
Малку вегета
200 мл бело вино
вода
Приготвување:
- Дагњите на бузара не се комплицирани за правење и единствено што е проблематично во овој рецепт особено ако сакате да ги направите во овој период од годината и тоа во вашата кујна, е да најдете свежи дагњи. Ако успеете да ги снабдите, тогаш прво што треба да направите е да ги измиете и да ги исчистите убаво. За ова ви е доволна вода.
- Откако ќе завршите со чистењето во голем сад додадете лук, маслиново масло и сол. Ако сакате можете да ставите и малку вегета.
- Помешајте ги сите состојки, додадете ги дагњите на крајот и ставете ги да се варат. Јадењето е готово кога дагњите ќе се отворат, а нема да погрешите ако додадете и малку бело вино. Вкусниот сос кој ќе го добиете најмногу се должи на сокот што го пуштаат дагњите додека се варат.
- Сервирајте ги со лепче кое ќе ви послужи слатко да си го измакате сосот.