Цела главица карфиол печена во рерна

0
507

Можеби ваквото подготвување на карфиолот ќе посакате да го воведете во својот редовен репертоар. Секако, не мора да се придржувате до овие состојки и можете да ги прилагодите кон својот вкус.

Состојки:

1 главица карфиол

Маслиново масло

Сол за премачкување на карфиолот

Паста:

2 чешниња лук

1 лажица црвен пипер

½ лажица мешавина од медитерански зачински билки (мајоран, босилек, мајчина душица, рузмарин)

2-3 прстофати сол

50 г чистени ф“стаци

2-3 лажици маслиново масло

Сос:

200 мл пасирани домати

Прстофат сол

Прстофат мајчина душица

Приготвување:

Измијте го карфиолот и исистете го од надворешните листови. Исечете го коренот и издлабете го со мал остар нож.

Од лукот, црвениот пипер, зачините, солта, ф‘стаците и маслиновото масло направете паста. Карфиолот истријте го со малку сол и маслиново масло па премачкајте ја со подготвената паста.

Премачкајте го садот за ппечење со малку масо и ставете го карфиолот и покријте го со фолија.

Печете го на 190°C, а по полоина час извадете ја фолијата, додадете пасирани домати со малку сол и мајчина душица и продолжете да печете уште пола час. Водете сметка да не ја препечете и послужете ја како прилог или како главно јадење.