Читајте приказни на етикетите и пијте си винце

0
240

Добра книга и шише вино одат заедно како филм и пуканки. Затоа италијанската винарија „Матео Корега“ и агенцијата за дизајн „Reverse Innovation“ го создаде „Librottiglia“ (паметна комбинација на италијанските зборови книга и шише), вино испреплетено со литература.

Секое шише од линијата „Librottiglia“ има кратка приказна како дел од етикетата која совршено се вклопува со пијалокот. Некои наслови се приказната „Жаба во стомакот“ од Патриција Лакидара, „Те сакам. Заборави ме“, „Убиство на новинар и сатиричар“…
Засега овие кратки приказни во шишињата со 375 мл вино се достапни само во Италија.