Брокули со домати и козјо сирење

0
758

Состојки:
2 лажици пињоли
1 ½ лажица масло
2 големи брокули, сечкани на парчиња
¼ шолја козјо сирење
¼ шолја домати во масло, сечкани
2 лажици балсамиран оцет

Приготвување:
1. Потпечете ги пињолите на среден оган 3-4 минути, со често мешање.

2. Загрејте масло на среден оган, ставете ги брокулите и пржете 2минути, додека брокулата омекне, со често мешање.

3. Полека додадете 1/3 шолја вода, обарете ги брокулите 4 минути или додека водата испари.

4. Префрлете ги брокулите во садот со потпечени пињоли и наросете сол и црн пипер. Ставете ги козјото сирење и доматите. Капнете од балсамираниот оцет и служете топло.