Бојата на жолчката открива дали јајцето потекнува од здрава кокошка

0
896

 

Кога купуваме јајца од продавница никогаш не сме сигурни дали се квалитетни и од каква кокошка потекнуваат. Откако ќе го прочитате овој текст ќе можете да направите разлика во квалитетот на јајцата што ги купувате.

Една жена купила јајца од три различни места. Првото пакување го купила од локалниот фармер, второто од пазар, а јајцата биле од кокошки што слободно шетаат и се хранети со чисто жито и третиот картон бил купен од голем синџир на супермаркети.

Таа ги зела јајцата од првото пакување и ги скршила во тава за пржење јајца. Истото го направила и со јајцата од другите две пакувања и ја забележала разликата. Дали вие ја гледате разликата во бојата на жолчките?

Јајцата што ги купила од фармерот имале богата портокалова боја, а јајцата од другите две пакувања имале жолта боја. Портокаловите жолчки се оние кои би требало да ги јадете. Имено, јајцата со потемна жолчка имаат поголема нутритивна вредност и како што покажале некои студии, имаат повеќе омега-3 и витамини и помалку холестерол.

Но зошто постојат два различни типа на жолчки? Бојата зависи од типот на исхрана на кокошката. Кокошки што слободно шетаат и се хранат со разлновидни зрна, бубачки и други органски материи даваат повкусни јајца со подлабока боја во споредба со кокошките што јадат индустриска храна за кокошки.

И се разбира, колку е поздрава кокошката, толку се подобри и нејзините јајца и толку се подобри за вашето целокупно здравје.