„Бела вода“ и „Барово“ на „Тиквеш“ со највисоки оценки на „Wine advocate“

Во најновото издание на „Wine advocate“, црвените вина „Бела вода“ и „Барово“ од бербата во 2013-та, како и за белите верзии на овие вина од бербата во 2014-та, а за првпат оценети се и вината од екслузивниот бренд „Домен Лепово“.

0
1355

Роберт Паркер, најпознатиот светски вински критичар и еднa од највлијателните личности во светот на виното воопшто, и неговиот „Wine Advocate“, објавија нови високи оценки за дури седум врвни вина на винарската визба „Тиквеш“.

Во најновото издание на специјализираното списание на Паркер „Wine advocate“, објавени се оценки за црвените вина „Бела вода“ и „Барово“ од бербата во 2013-та, како и за белите верзии на овие вина од бербата во 2014-та, а за првпат оценети се и вината од екслузивниот бренд „Домен Лепово“ и тоа: Домен Лепово Гранд Куве 2013, Домен Лепово Пино Ноар 2013 и Домен Лепово Шардоне 2014.

FOTO_Filip Kambi (desno)
Карактеристично за ова оценување е тоа што тимот на Паркер и овојпат ги смести вината на „Тиквеш“ во категориите „многу добри“ и „извонредни“. На овој начин, тимот на Паркер, всушност, уште еднаш го потврди своето високо мислење за вината на „Тиквеш“, кое почна да се гради пред пет години, со високата оценка за црвеното вино „Бела вода“ од бербата во 2010-та, кое беше првото вино на „Тиквеш“ и воопшто првото вино од поширокиот регион кое доби 94 поени.

FOTO_Tikves
– Со овие оценки, „Тиквеш“ и македонската винска индустрија се издвојуваат како водечки од целиот овој регион, затоа што не постои друг производител од овие краеви кој добил вакви и толку многу оценки за своите вина. Тоа јасно зборува за квалитетот на вината на „Тиквеш“, но и за винскиот потенцијал на земјата од каде потекнуваат овие вина. А, токму тоа е огромен успех за сите, кој верувам дека ќе донесе добри резултати, особено во поглед на зголемување на извозот на вино од Македонија, затоа што добриот глас на Паркер се шири многу брзо и многу далеку – вели светски познатиот енолог и вински консултатнт Филип Камби, кој веќе шест години го советува „Тиквеш“ и се потпишува на неговите врвни вина.

Првата оценка на Роберт Паркер за вино произведено во ВВ „Тиквеш“ во 2011-та година, придонесе за зголемување на извозот на пазарот во САД, како и проширување на пласманот на други значајни, висококонкурентни извозни пазари, како што се британскиот и скандинавскиот.

– Горди сме што нашите врвни вина го потврдија местото на листата најдобри светски вина. Посебно нѐ радува фактот што добиваме високи оценки за вина кои се произведени во неколку последователни години, вклучувајќи ја и 2014-та, како исклучително неповолна винска година, што јасно покажува дека „Тиквеш“ може и знае како во континуитет да го задржи високото ниво на квалитет на вината што ги произведува. Се надевам дека најновите оценки ќе придонесат за дополнително зацрврстување на реномето на брендот, нивната препознатливост од страна на купувачите и потрошувачите и во земјата и во странство и зголемување на извозот што секако е наша стратешка цел – изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Игор Илиевски.