Авокадото е повеќе од тренд

0
425

Иако некои го избегнуваат заради калориите, тоа навистина не е потребно. Авокадото е хранливо и овозможува чувство на ситост заради високата концентрација на маснотии и влакна.

Авокадото е неизбежен дел од секое здраво мени, само за себе или во комбинација со некоја вкусна салата. Од него можете да направите и супер брз сос по рецептот на Џејми Оливер.

Еве кои се неговите супер моќи:

Ниско ниво на јаглени хидрати и изобилство од протеини и нутриенти кои го прават совршена состојка на секоја диета.
Авокадото содржи липаза, ензим кој го поттикнува согорувањето на мастите.
Авокадото секогаш се бере незрело, па дозрева за еден до два дена на собна температура.
Дозревањето може да се забрза ако го чувате покрај банани или јаболка.