Авокадо – масти кои не смеете да ги одбиете

Најдобро е да се јаде свежо, но ако сакате да го готвите тогаш гответе го на најниска можна температура и што е можно пократко.

0
2458

Авокадото е корисно е за кардиоваскуларна поддршка при висок притисок, како и за регулација на шеќерот во крвта. Богато е со калиум, витамин К, Е, Ц, влакна, магнезиум и мононезаситени киселини, ги има сите витамини Б, освен Б12. Богато е со манган, витамин Ц, Е, флавониди, фитостероли, и каретониди.

Зрелото авокадо има кремава текстура. Помалите авокада се помасни и богати со масти, а поголемите парчиња се помалку масни.

Кога купувате, ако сакате да го јадете дента, изберете меко авокадо. Главно авокадото се продава незрело и потребни се неколку дена на собна темпратура да узрее. Кога е меко на допир, тоа е зрело за јадење. Важно е само да го допрете, да не го стискате, зашто авокадото е нежно и ќе потемни од внатре, дури и ако во моментот не е сосема зрело.

Зрелото авокадо е меко, но не треба да има црни точки. Незрелото авокадо се остава да созрее на собна температура. Ако не можете да го употребите целото авокадо, и сакате да ја сочувате едната половина, зачувајте ја таа со семката и одозгора исцедете сок од лимон и ставете го во фрижидер. Тоа ќе помогне авокадото да не оксидира, односно да не потемни.

Авокадото се сече на половина, по должината. Се вртат двете половини во спротивен правец за да се одвојат. Месото од авокадото може да се извади од кората со лажичка или да се сече на долги парчиња со нож, па потоа да се извади со лажичка.

Најдобро е да се јаде свежо, но ако сакате да го готвите тогаш гответе го на најниска можна температура и што е можно пократко.

Може да се јаде во салати, да се користи како украс во супи или чорби, да се прави намаз како во познатото гвакамоле.

Авокадото потекнува од Мексико и од Средна Америка. Познато е и како алигаторска круша, поради набраната кора на некои видови.