Брашното од тиква се добива од семките од тиква во постапката на правење масло. Откако од семките ќе се исцеди маслото, тоа што ќе преостане од нив е всушност материјалот за правење брашно.
Но можете да го направите и дома, многу едноставно и брзо. Ставете семки од тиква во блендер и мешајте во кратки интервали се додека не ја добиете саканата конзистенција на брашно. Само внимавајте семките да не се претворат во масло.
Брашното од тиква има повеќе протеини од обичното брашно и е богат извор на есенцијални аминокиселини, влакна, витамин Е и минерали како што се железо, цинк, магнезиум, фосфор и бакар. Освен што е хранливо, брашното од семки од тиква има бројни здравствени предности: снижување на холестеролот, регулација на шеќерот во крвта, добро расположение, простата…
Ова брашно има интензивен вкус и боја па затоа се препорачува да се меша со некој друг вид брашно.
Состојки:
Брашно од тиква помешано со уште некое друго по ваша желба. (на пример, 2/3 од тиква и 2/3 обично бело брашно
2 јајца
1 прашак за пециво
3 лажици масло
прстофат сол
Млеко
Приготвување:
Одвијте ги белките од жолчките
Изматете ги белките во цврст снег, а жолчките измешајте ги со останатите состојки.
Додатете го полека и снегот од белки во смесата со жолчки, измешајте се и пржете ги палачинките една по една во таавче за палачинки на тивок оган.