Зошто е добро маслото од тиква?

Маслото содржи поразновидни масни киселини отколку маслиновото, и поголема концентрација на омега-6 масните киселини, го јакне имунитетот и заради големата концентрација на цинк и магнезиум е одлично средство за превенција од настинка и грип.

0
338

Маслото од тикви се вбројува во намирници за здрава исхрана заради благотворното дејство на здравјето, а се смета дека делува и лековито во случај на некои состојби како што е на пример зголемената простата.

Маслото од тиква е богато со незаситени масни киселини чие внесување е исклучително важно затоа што го намалува нивото на холестерол во крвта со што поволно дејствува на работата на крвотокот и го чува срцето.

Содржи поразновидни масни киселини отколку маслиновото масло, и поголема концентрација на линолна киселина (омега-6) чиј недостаток предизвикува сува кожа и коса и го забавува зацелувањето на раните.

Семките од тиква се богати со цинк, минерал кој го јакне имунитетот, го чува здравјето на очите и кожата, а исто така е и важен за здравјето на простатата во која и се наоѓа во најголема концентрација кај мажите. Сепак, заради лошата исхрана и честото консумирање алкохол, дефицитот на овој минерал е се поголем проблем дури и во земјите на развиениот свет.

Освен со цинк, маслото од тиква е богато и со железо, манган, магнезиум и бакар, но и со цела низа на есенцијални витамини, особено витамини Е и Д.

Иако најчесто се користи во склоп на алтернативното лекување на проблемите со простатата, маслото од тиква е делотворно и за остатокот од организмот.

Ја подобрува циркулацијата и работата на срцето – олеинската киселина делува за снижување на холестеролот во крвта со што ја подобрува работата на крвотокот.

Ја поттикнува работата на системот за варење – маслото од тиква делува како диуретик, а истовремено делува антимикробно чистејќи го телото од цревните паразити

Благотворно делува на кожата и косата – омега-6 масните киселини помагаат во негата на сувата, испукана кожа и коса.

Го јакне имунитетот – заради големата концентрација на цинк и магнезиум е одлично средство за превенција од настинка и грип.

Како што е случај и со изборот на маслиново масло, најквалитетно масло од тиква се добива со постапката на ладно цедење, при што семките од тиква се цедат директно и на тој начин се зачувуваат сите лековити состојки.

Ладно цеденото масло од тиква е густо и со препознатливата темнозелена боја и вкус еднаков како оној на семките од тиква.

Може да се користи како зачин во бројни јадења, а најчесто се користи во салати. Исто така, се додава во различен зеленчук, во тестени или крем супи, но и во овошни салати.