Активен јаглен  за вознемирен желудник

Додека некои го користат за избелување на кожата или забите, вистинската вредност на активниот јаглен е во неговата способност за елиминирање на токсините од телото

0
853

Во случај да сте се затруле консумирајќи намирница на која ѝ истекол рокот на траење, консумирањето на активен јаглен може да ви го спаси животот. Активниот јаглен се користи со илјадници години, а во Првата светска војна бил користен во плинските маски за да се спречи труењето на војниците со хемиски супстанции.

Активниот јаглен се користи првенствено за внатрешни проблеми како штпо е труењето со храна, а од неодамна и за нега на кожата. Додавањето на активен јаглен во вашето омилено смути брзо ќе ви помогне при надуеност, болки во стомакот предизвикани од храна или консумација на премногу алкохол.

Едноставно, додадете ½ или 1 цела лажичка активен јаглен во прав во вашето смути. Со тоа што е вкусот на јагленот сам по себе пријатен и по малку сладок, вкусот на смутито нема да се смени.