Ако јадете 3 урми секој ден во текот на 1 недела….

Ако сакате нешто слатко, или нешто што ќе ви даде енергија, тогаш сте вистински кандидат за овој тест.

0
1500

Дали некогаш сте се прашале што ќе се случи ако почнете секојдневно да јадете по неколку урми? Доколку никогаш не сте ни каснале урма, мора веднаш да го смените вашиот став. Пробајте, вкусни се, слатки и најважно од се, многу се здрави.

Урма за десерт е одличен избор, бидејќи урмите се здрави и за телото и за умот.

Ако јадете три од овие меки, зрели плодови секојдневно во текот на една недела, може да сметате дека најверојатно следните работи ќе се случат во вашето тело:

Намален ризик од рак на дебелото црево

Една студија спроведена од страна на Одделот за храна и нутриционистички науки покажала дека оние кои консумирале урми имаат подобрено здравје на дебелото црево, бидејќи урмите го зголемуваат растот на добри бактерии, го инхибираат растот на клетките на ракот на дебелото црево.

Ќе имате брза и долготрајна енергија

Урмите содржат природни шеќери, гликоза, фруктоза и сахароза кои ќе ви овозможат брз наплив на енергија кога ви е потребна. И за разлика од енергетските барови или пијалаци, урмите содржат и други здрави компоненти како што се влакна, калиум, магнезиум, витамини и антиоксиданти кои ќе ги задржат овие нивоа на енергија и нема да ве напуштат брзо.

Вашето дигестивно здравје ќе се подобри

Ако сакате вашиот дигестивен систем да функционира како што треба, урмите се вистинскиот избор. Вистинските количини и правилните видови влакна можат да го подобрат здравјето на дигестивниот систем преку спречување на запек и промовирање на регуларни движења на дебелото црево. И урмите се дефинитивно вистинскиот вид на влакна кои ќе ја завршат работата. Всушност, една студија објавена во British Journal of Nutrition открила дека луѓето кои консумирале 7 урми дневно во текот на 21 ден покажале подобрувања во фреквенцијата на столицата и зголемување на движењата на дебелото црево во споредба со периодот кога не јаделе урми.

Би можеле да бидете попаметни

Урмите содржат витамин Б6 кој се покажа ефикасен за подобрување на перформансите на мозокот, помагајќи му на телото да направи серотонин и норепинефрин. Серотонин, пак, го регулира расположението, а норепинефринот му помага на вашето тело да се справи со стресот. Спротивно на тоа, истражувањата покажаа дека ниските нивоа на витамин Б6 се поврзани со депресија.

Значи, кога вашиот мозок не е под стрес, и во добро расположение, тогаш е остар и подготвен да учи и да ги задржи информациите.

Третман за хемороиди

Хемороидите се вени во анусот и ректумот кои се проширени и воспалени. Ова е често предизвикано од запек, што доведува до замор во таа област на крајниот дел на дигестивниот тракт. Ова е ужасна и често многу болна состојба што за среќа може да се третира, па дури и да се промени преку промена на исхраната за да се намали запекот.

Многу лекари препорачуваат диета со високо ниво на растителни влакна, а тоа вклучува урми.

За подобрување на вашиот кардиоваскуларен систем

Понекогаш сè што е потребно е неколку урми во ред во текот на подолг временски период за да се излечи скршено срце.

Вистина е. Калиумот содржан во ова волшебно, навидум малечко овошје делува на намалување на ЛДЛ (лош холестерол) што предизвикува блокади во артериите кои доведуваат до мозочен удар, па дури и срцев удар. Една студија на постари жени покажа дека високиот внес на калиум е поврзан со помал ризик од мозочен удар и исхемичен мозочен удар и морталитет.

Значи, инвестирајте во урми – дури и неколку во текот на долг временски период – и ќе најдете долготрајно здравје кое многу добро може да доведе до вашиот среќно некогаш.

Фото: Pixabey