АБЦ: светски хит за детоксикација

Најпопуларните светски нутриционисти имаат нов фаворит за чистење на организмот

0
755

Можеби очекувате нешто комплетно ново па ќе се разочарате кога ќе видите дека станува збор за една толку вообичаена комбинација од овошје и зеленчук, но токму овој свежо исцеден сок од јаболко, цвекло и морков е вистински светски хит за детоксикација (англ: Aapple, Beetroot, Carrot – по кои и го добил името).

Имено, токму комбинацијата од овие два вида на зеленчук и овошје, е моќен напиток полн со витамини. На пример, јаболките се богати со витамините A, B1, B2, B6, C, E и K, цинк и други антиоксиданси и хранливи материи, морковите се исто така ризница од витамини, магнезиум, селен и бета каротен, додека цвеклото е вистинска витаминска бомба во која најважна улога има ликопенот.

Токму оваа комбинација, според многу истражувања, е прогласена за „волшебен напиток“ кој  е извонреден за чистење на бубрезите, црниот дроб, панкреасот, го регулира лошиот холестерол, крвниот притисок, а моќен е и во регулирањето на варењето и во јакнењето на имунитетот.