Иако сите знаеме колку е пушењето штетно за нашето здравје, сепак многу луѓе и натаму продолжуваат со оваа лоша и штетна навика. Ако и вие сте меѓу оние кои не можат да се откажат од пушењето или пак неодамна сте престанале да пушите, многу е важно да ги прочистите вашите бели дробови од наталожениот катран и никотин.
Секако, не постои лек кој целосно ќе ве прочисти од насобраните отрови во белите дробови, но затоа постои листа од прехранбени производи кои се одлични за тоа.
Пченка
Пченката содржи бета-криптоксантин, моќен антиоксиданс за кој се тврди дека ги штити белите дробови од карцином. Сепак, важно е да внесувате свежа, органска пченка, а не органски модифицирана.
Бразилски ореви
Бразилските ореви се сметаат за еден од најголемите извори на селен во споредба со другите видови храна. Селенот исто така е многу моќен антиоксиданс, а освен во бразилските ореви го има и во разни видови риба, како туна, лосос и бакалар, но и во јагнешкото месо, јајцата и житарките.
Кромид и лук
Кромидот и лукот содржат соединенија со антиканцерогено дејство. Овие две намирници спречуваат многу болести, меѓу кои и инфекции и рак на белите дробови. Кај луѓето кои веќе имаат рак, спречуваат развој на нови клетки.
Ѓумбир
Ѓумбирот со илјадници години се употребува како природен лек. Тој може да биде исклучително полезен за вашите бели дробови бидејќи е моќно средство за исфрлање на токсините. Можете да пиете чај од корен од ѓумбир кој го олеснува дишењето, а можете и заедно со оброкот да изедете некое парче ѓумбир.
Портокали
Освен што се богат извор на витамини, портокалите исто така содржат и криптоксантин, за кој е веќе познато дека превентивно делува на ракот на белите дробови.
Коприва
Копривата е полна со железо, кое игра значајна улога во борбата против инфекциите. Таа е исто така и многу корисно средство за детоксикација на белите дробови.
Чaј од борови иглички
Чајот од борови иглички традиционално се употребува за плакнење на устата и грлото, поради неговите антисептички својства.
Ниту една од овие намирници нема да ви помогне целосно да ги исчистите белите дробови, но ќе ви помогнат барем во одредена мерка да се ослободите од токсините.