Дали авионското кафе или чајот се безбедни за пиење?

Вашата кофеинска доза во текот на летот може да има своја мала валкана тајна.

0
271

Веројатно треба да помислите двапати (или трипати) пред да прифатите кафе или чај на следниот лет. Според новата студија за храната на авиокомпаниите на College NYC Food Policy Center, најдобро е да се избегнува пиењето на вода што ја користат авиокомпаниите во текот на летот. Резултатите од оваа студија, објавени во ноември, не треба да бидат премногу изненадувачки, со оглед на тоа што, во 2004 година, истражувањето на ЕПА открило дека патогените кои предизвикуваат болести може да бидат во водата на 15 проценти од комерцијалните авиони.

Досега, немаше јавни извештаи за патниците кои се разболеле од пиење кафе или чај во текот на летот – обично направени од истата вода од авионска чешма со која избегнувате да си ги измиете забите. Сепак, авионите ќе направат итни слетувања во случаи на заболувања со храна. (Во 2011 година, Американ ерлајнс беше тужена од страна на семејство кое тврдеше дека еден од членовите на семејството починал како резултат на јадење контаминирано пилешко во текот на летот.)

Авионските пијалаци, се чини, исто така, може да бидат контаминирани. Д-р Карен Џуберт,  зборувала на оваа тема на велнес самит во ноември, кадешто предупредила да не се пијат топлите пијалаци кои се нудат во авионите. Таа изјавила за TODAY Food дека „тоа не само што ќе ја зголеми дехидрацијата, туку се најверојатно полни со бактерии“. Џуберт, меѓу чии познати клиенти се и Џенифер Анистон и Серена Вилијамс, се држи до водата во шишиња сѐ додека не се подобрат стандардите на индустријата.

Во моментов, правилата за водата за пиење во авионите, заеднички регулирани од страна на ЕПА, ФДА и ФAA, бараат само дезинфекција и испирање 1-4 пати годишно, во зависност од бројот на земени колиформни примероци во периодот на следење.

Во суштина, водата што ја пиете во авионите е чиста колку и цревата и резервоарите што се користат за нејзиниот транспорт и складирање.

„Можеби мислите дека тие се празнат и се чистат најмалку еднаш дневно“, напишал д-р Чарлс Платкин, извршен директор на College NYC Food Policy Center, во студијата за храна за 2018-19 година. „Но, тоа не е така. Значи, водата седи долги временски периоди во она што се чини дека не се толку чисти резервоари”. Студијата на Платкин вклучуваше прашалник за практиките за хигиена на водата испратени до следните авиокомпании: Alaska Airlines, Air Canada, American Airlines, United, Frontier, Delta, JetBlue, Hawaiian Airlines, Allegiant Air, Spirit Airlines и Southwest. Додека некои од авиокомпаниите одбиле да одговорат, неколку го направиле тоа.

Од Delta одговориле дека четири пати годишно ги дезинфицираат резервоарите и дека чешмите и површините се чистат меѓу летовите. Покрај тоа, вработените присуствуваат еднаш годишно на „обука за служење на вода за пиење“.

United исто така одговориле дека ги чистат своите системи за вода на секои 90 дена. И двете авиокомпании се потпираат на методот за дезинфекција кој вклучува додавање на кислород за уништување на бактериите и вирусите. Портпаролот на American Airlines, Рос Фејнштајн, изјавил за Today Food дека оваа компанија редовно ги тестира и дезинфицира својата опрема од угостителски колички, камиони и резервоари за вода. Сепак, според анонимни стјуарди интервјуирани од Бизнис Инсајдер во 2017 година, тоа не е доволно.

Оние кои служат во текот на летањето нема да пијат топла вода во авионот, нема да пијат ниту обично кафе и нема да пијат обичен чај”, рекле тие. Уште една стјуардеса во магазинот TIME во 2017 година изјавила дека само таа и неколку нејзини колеги некогаш воопшто и размислуваат за пиење на кафето кое го служат. И тоа само тогаш кога се очајни за кофеин.

„Ние чистиме само еднаш годишно, а сум била на авиони кои се постојано во движење, речиси како метро во Њујорк. Знаеме дека работите се валкани во системот и потребно е малку време за да се исчисти“.

Според Њујорк Стејт Департментот за здравство, вриењето најдобро се дефинира како пастеризација, а не стерилизација. Стерилизација ги убива сите присутни организми. Сепак, пастеризацијата ги убива само организмите што им штетат на луѓето, и тоа само ако пастеризацијата е ефективна. Ова се одредува со температурата и времето. Значи, ако стјуардесите се побрзаат или не ја загреваат водата до доволно висока температура, што може да биде незгодно бидејќи височината влијае врз точката на вриење на течноста, таа сè уште може да се контаминира.

Кога TODAY Food дошле до Пол Досон, научник за храна и професор на Универзитетот Клемсон и Брајан Шелдон, професор по микробиологија на храна од Државниот универзитет во Северна Каролина, тие посочиле дека студијата на Хантер колеџ била прашалник и не вклучувала никакво микробиолошко тестирање на водата. Наместо тоа, коавторите на „Дали само што го изедовте тоа?“ се осврнува на студијата на Wall Street Journal во 2002 година, која всушност вклучува тестирање на авионската вода. Лабораторијата открила видови на салмонела, Staphylococcus бактерии и инсекти од јајца во некои од примероците.

Доусон и Шелдон рекле дека иако EPA го признала проблемот и сега ги регулира авионските води, има многу можности за контаминација дури и пред да дојде водата во авионот.

„Прво, авионите летаат на повеќе локации и внесуваат вода за пиење на која било од овие дестинации. Второ, воздухопловот носи вода од аеродромските наводи со користење на привремени врски и конечно, водата може да се складира на различни локации на аеродромот, а потоа да се транспортира до авионот во цистерни. ”

Затоа двајцата научници препорачуваат да се држите до конзерви или пијалоци во шишиња ако сакате да бидете „дополнително безбедни“ или ако имате слаб имунолошки систем. Тоа може да значи дека треба да го одложите пиењето кафе или чај додека не се најдете на некое побезбедно место на тлото.

Текстот е преземен од ТУКА.

Фото: Freepik