Вкусен и здрав ручек за половина час

Ако добро размислите, практично, секое здраво јадење се прави брзо. А овој најобичен ручек е нешто што навистина добро ќе ви дојде во овие студени денови

0
756

Состојки:

3-4 помали морковчиња (или 1 голем морков)

1 црвен кромид

1 компир со средна големина

малку праз

малку пашканат

1 пакување замрзнат грашок

1 лист од ловор

малку ладно цедено сончогледово масло

сол, црн пипер, црвен пипер

свеж магдонос

Приготвување:

Ставете во тенџере масло и исечкан кромид, праз, исечкани моркови, исечкан компир и пашканат и пропржете ги.

Потоа додадете вода, ловоров лист и смрзнатиот грашок и зачинете.

Оставете го полупокриеното тенџере на тивок оган околу 15-20 минути, исклучете и додадете го сечканиот свеж магдонос.

Ручекот е готов!