Гризни ги пред да те гризнат: Човекот кој ги внесе мравките во најдобрите ресторани

Томас Лаурсен живее продавајќи им живи мравки и други состојки по кои трага во природата, на некои од најдобрите ресторани во светот, главно оние со Мишелин ѕвезди

0
166

Томас Лаурсен, познат во светот на гастрономијата како „Antman“ ги снабдува со диви состојки некои од најдобрите ресторани на светот уште од 2011. година, и е најпознат по својата ценета состојка: портокаловата мравка, пронајдена во дрвјата околу Архус, во Данска.

Неговото хоби од младоста, но и подоцна, од зрелото доба, трагањето по храна и ботаниката, во 2011.година го довело до тоа да го снабдува најдобриот ресторан во светот во тоа време, ресторанот „Нома“, на Рене Реџепи, со живи мравки.

Нома се обидуваше да ја искористи идејата за користење живи инсекти на нивното мени откако се сретнале со Алекс Атала и неговиот ресторан во Сао Паоло, кој ги користел амазонските мравки на менито како израз на домородната култура и историјата на Бразил.

Кога Лаурсен го зел Тревор Моран, десната рака на Реџепи, во потрага по мравките и го запознал со нивниот вкус, тој го трансформираше пристапот на ресторанот – кој веќе стартуваше како таков – во уште попредизвикувачки и провокативен стил на кујната.

Способностите на Лаурсен не се ограничени само на идентификацијата на мравките: тој исто така може да ги идентификува сите видови на диви растенија и растенија за јадење (кои ги има многу во данските шуми), како и да ви каже кои печурки се безбедни за јадење. Една прошетка со Лаурсен, велат авторите на новата видео серија, How I Got Here, која отпочна токму во данските шуми со Томас Лаурсен, може да ве одведе до сосема нова перспектива за тоа што може и не може да се јаде.

Текстот и видеото се од ТУКА.