Равиоли со ракчиња од шеф Симоновски

Шеф Бобан Симоновски ни го откри рецептот за домашни равиоли полнети со ракчиња. Ако се чудите зошто се темни, не е поради брашното, туку поради маслото од сипа кое се додава во него

0
240

Состојки (за 4 лица):

За тестото:

2 јајца

200 г брашно

1 лажица масло од сипа

1 прстофат сол и црн пипер

За филот:

200 г. чистени ракчиња

150 г. целер

1 чешне лук

сол, црн пипер

За сосот:

Лук

домат

млад спанаќ

пармезан

Приготвување:

Се замесува тесто и се остава во фрижидерот да одмори 30 минути.

Во меѓувреме, на маслиново масло се пропржува ситно сечкано лукче, се додава целер исечкан на ситни коцкички и откако ќе се пропржи се додаваат ракчињата.

Потоа се заедно се става во блендер и се додава 1 лажица презли.

Се вади тестото од фрижидер и се расукува тенко и се сече на кругови. Се става по 1 мала лажичка од филот и се затвараат со притискање на краевите со вилушка.

Во големо тенџере се зоврива солена вода и се спуштаат внатре полнетите равиоли. Готови се кога ќе испливаат на површината.

Сосот се приготвува такашто с ситно сечканото лукче се пропржува со ситно сечкан домат и се додаваат равиолите, неколку листови млад спанаќ и пармезан.