Некои ги сакаат, а некои не, но доколку ги знаат сите неверојатни здравствени предности од консумирањето смокви, сигурно брзо ќе го сменат мислењето.
Смоквите го поттикнуваат здравјето на целиот организам, а стручњаците сметаат дека можат да решат бројни здравствени проблеми.
Сушените смокви се достапни во текот на целата година, а во нивниот свеж облик можеме да уживаме само во летните месеци.
100 г сушени смокви содржат:
249 калории, 3,3 г протеини, 0,9 г масти, 69 г јагленохидрати, 5,6 г влакна.
100 г свежи смокви содржат:
80 калории, 1,3 г протеини, 0,3 г масти, 20,3 г јагленохидрати, 2,2 г влакна.
Смоквите често се користат како замена за шеќер, а нивниот концентрат може да ги замени пченкарниот сируп и сахарозата.
Смоквите можат да се користат за приготвување на пудинзи, колачи, пекарски производи, џемови, желеа и компоти.
Изобилуваат со витамини и минерали од кои најзастапени се: витамин А, Ц, К, Б, калиум, магнезиум, цинк, бакар, манган, железо.
Здравствени предности на смоквите
Смопквите често се користат за лекување на чиреви, апсцеси и болки во ушите. Заради своето алкално својство, успешно ја регулираат киселоста на телото. Богати се со флавоноиди и полифеноли, антиоксиданси кои ги спречуваат оштетувањата предизвикани од слободните радикали.
Смоквите помагаат и при слабеење, бидејќи се богати со влакна и го сузбиваат гладот, а во комбинација со млеко пак, го поттикнуваат. Потоа, за респираторни проблеми, бидејќи лисјата од смокви ги превенираат и ги ублажуваат симптомите на астма. Исто така, тие го штитат видот од последиците од макуларна дегенерација, помагаат при еректилна дисфункција, спречуваат рак на дебело црево, ја регулираат столицата, ги јакнат коските и го спречуваат губењето на калциум, добри се за дијабетес затоа што калиумот од смоквите ја регулира апсорпцијата на шеќерот, а ги снижуваат и холестеролот и висоикиот крвен притисок и го штитат срцето од заболувања.