За сите што сакаат и киселко и благичко

Најубави се оние десерти после кои нема да се чувствувате прејадени, па нема да ве гризе ниту совеста. Затоа овие лесни мафини со јогурт и со сливи и цимет се одличен избор.

0
158

Состојки:

3 јајца

250 мл јогурт

15 сливи

1 прашок за пециво

1 лажичка цимет

100 г кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

1 лажица рум

100 мл кокосово масло

шеќер во прав за поросување (по избор)

300 г брашно

На крајот додадете ги и исечканите сливи и полека измешајте

Приготвување:

Изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете ги јогуртот и маслото, а потоа и сувите состојки и румот.

Ставете ја смесата во намрсени и поросени со брашно калапи за мафини и печете ги околу 40 минути на 170 степени.

На крајот, ако ви се сливите баш кисели, поросете со малку шеќер во прав.