Британската нутриционистка Рианон Ламберт напоменува дека бананите, назависно од тоа дали се зеленкасти или пак многу зрели, се одличен извор на калиум и на други хранливи материи. Вели како не може да се каже дека е подобро да се јадат едните или другите, затоа што сите си имаат свои предности, но и недостатоци доколку луѓето имаат одредени здравствени тегоби.
Еве зошто некои луѓе ги одбираат оние многу зрелите со кафеави точки додека на други повеќе им одговараат оние кои се по малку зеленкасти:
Недоволно зрели банани: Содржат помалку шеќер и луѓето кои имаат дијабетес би требало да ги одбираат токму оние кои се по малку зеленкасти. Имено, колку е бананата позрела, скробот во неа се повеќе се претвара во шеќер. Токму скробот е одговорен за подолго чувство на ситост.
Истражувањата сугерираат дека недоволно зрелите бананите се сочинети од 80 до 90 отсто јагленохидрати кои, како што бананите дозреваат, се менуваат во слободни шеќери. Затоа е подобро луѓето кои страдаат од дијабетес да јадат помалку зрели банани – објаснила Рианон Ламберт.
Многу зрели банани: Полесно се варат и се подобра опција за луѓето кои имаат проблеми со варењето.
Недоволно зрели банани: Го содржат споменатиот резистентен скроб кој луѓето не можат да го сварат. Кога отпорниот скроб се менува во едноставен шеќер, а бананата станува позрела, така станува и полесна за варење – додава нутриционистката. Всушност, стручњаците велат дека колку што е бананата потемна, односно има повеќе темни дамки, е поздрава за нашето тело затоа што е богата со голема количина на витамини Б и Ц, содржи калиум и антиоксиданси.
Целосно кафеави банани: Преполни се со антиоксиданси. Кога се бананите речиси сосема кафеави или целосно кафеави, тие се во основа полни со шеќер кој настанал од скробот. Поблаги се заради што многу луѓе ги користат за приготвување колачи. Исто така, хлорофилот во нив добил нов облик. Токму ова разградување на хлорофилот е причина зошто се зголемува нивото на антиоксиданси кога бананите се постари.
Значи, целосно кафеавата банана е антиоксидативна електрана – пишува во текстот кој го објавил Универзитетот Spoon.