Состојки:
3 јајца
1 шолја млеко
1 ипол шолја брашно
малку сода бикарбона
1 шолја кисела вода
малку путер
Приготвување:
Се матат сите состојки како за обични палачинки. Тепсијата се подмачкува обилно со путер и се става во загреана рерна да се стопи и да се загрее. Кога ќе се загрее путерот, се вади тепсијата и се става во нив подготвената смеса. Се става во рерната и се пече околу 20 минути на 180 степени.
Кога е готова, се премачку со фил по ваша желба (ние ја намачкавме со домашен мармалад од кајсии) и се витка во ролат. Се сече на парчиња.