Речиси и не постои човек на кого не му се допаѓа вкусот на чизкејк. Најдобро од се е што се прави брзо и лесно.
Состојки:
3 кекси (скршени или здробени)
1 лажица растопен путер
1 јајце
50 г крем сирење
2 лажици кисела павлака
1 лажица шеќер (за поздрава варијанта употребете стевија)
Малку путер за мачкање
Прелив од шумско овошје или јагоди
Приготвување:
Здробете ги кексите ситно, а потоа со растопениот путер премачкајте ја шолјата или чашата во која ќе послужите десерт. Потоа, со прсти распоредете го кексот што сте го здробиле. Во друг сад изматете го јајцето, помешајте го со крем сирење, павлака и шеќер и се добро соединете.
Префрлете ја смесата во шолјата со кексите и ставете во претходно загреана рерна. Оставете ја околу 1 минута. Кога ќе се зацврсти смесата, оставете го колачот да се о излади и послужете го на чинија со неколку јагоди или со прелив од шумско овошје.