Сите знаеме дека чипсот, газираните сокови, чоколадо и слични, не се добри за нашето здравје. Меѓутоа, постојат намирници кои изгледаат сосема безопасно, а можат да бидат многу лоши за здравјето.
Сурими стапчиња
Веројатно барем некогаш сте посегнале по оние фамозни сурими стапчиња, особено ако сте на диета, а знаете дека тие имаат навистина малку калории. За жал, иако некои ги сметаат за морска храна и најчесто во маркетите се чуваат токму во фрижидерите со морска храна, тие не се тоа, туку се имитација на месо од ракчиња.
Приказната за овие вкусни стапчиња води потекло од Јапонија. Првпат се направени уште во 1973 година, а според дефиницијата суринми стапчиња се облик на популарното јапонско јадење камабоко, кое се прави од филети бела риба или попозната како сурими. Сурими е всушност замрзнат или мелен рибен филет од кој е собран вишокот влага, масти и ферменти. Најчесто се прават од филети бела риба, но масовното производство главно се базира на месо од бакалар или ослиќ. Едвај 30 – 40 отсто од составот на овие ролнички е месото од риба, додека 60 – 70 отсто се разни засилувачи на вкусот, вештачки бои, соја, итн.
Во суштина, во овие стапчиња нема ниту грам месо од рак. Секое стапче е направено од низови залепени еден за друг. Најчесто поквалитетните сурими стапчиња се ароматизираат со екстракт од месо од тихоокеански ракови, а црвената боја на обвивката се добива со помош на природни засилувачи на боја.
Обично на амбалажата пишува дали содржат природни или вештачки засилувачи на боја. Сурими стапчињата имаат солено-слаткаст вкус и малку потсетуваат на вкусот на варени ракови.
Во секој случај, повеќето сурими стапчиња содржат пченичен скроб, шеќер, соја и протеин на соја. Розевата боја на некои од нив се постигнува со помош на материите кохинил и кармин. За да се постигне нивната бела боја се користи калциум карбонат или со други зборови, креда.
Вакумирана риба во пластика
Иако е вкусна и практична за приготвување, всушност има многу краток рок на траење. Ако сакате да го продолжите векот на траење на рибата, ставете ја во масло.
Чадени намирници
Тие се многу популарни во светот, а за нивните здравствени предности се водат бројни расправи. Постојат традиционални методи на чадење кои делуваат природни конзерванси и можат да го продолжат рокот на траење на намирниците, а постојат и поефтини методи во кои се користи течен чад кој содржи штетни хемикалии со засилувачи на вкусот, феноли и формалдехид.
Гумени бонбони
Направени се од свински желатин, синтетички засилувачи на вкусот и на бојата. Освен тоа, некои производители користат сулфурен диоксид како конзерванс, кој во поголема количина може да предизвика алергиски реакции.
Пченкарни снегулки
Најчесто ги јадеме за појадок затоа што ги сметаме за здрави, но тоа не е воопшто точно. Се прават со пржење на пченкарното брашно, а како последица од тоа исчезнуваат сите витамини.За пржење се користат шеќер и масло, а потоа производителите ги третираат со разни конзерванси.
Црни маслинки
Ова е една од најконтроверзните намирници на оваа листа. Имено, во природата не постојат целосно црни маслинки. Зрелите маслинки имаат темно виолетова или кафена боја. Црните маслинки кои најчесто ги наоѓаме во тегли и во конзерви, се всушност зелени маслинки обоени со посебни хранливи материи кои немаат никаква прехранбена корист.
Црвен грав
Црвениот грав може да биде многу штетен за здравјето, ако го вариме на погрешен начин. Значи ако не го варите доволно долго може да биде отровен затоа што содржи многу природни токсини. Пред варењето гравот натопете го во вода барем на два часа, а потоа варете го минимум 60 минути.
Грозје
Грозјето треба да се јаде веднаш после бербата затоа што има ктраток рок на траење. Ако во продавница видите грозје кое изгледа како тукушто набрано, заобиколете го затоа што е тоа веројатно третирано со разни хемикалии кои го чуваат неговиот свеж изглед.