Со вкусен освежителен напиток против здодевниот стомак

Овој лековит напиток не само што ќе ви го намали стомакот кој толку многу ве нервира, туку ќе ви го поправи и тенот и ќе ве наполни со енергија.

0
602

Состојки:

½ до 1 лажица куркума во прав

½ лажичка чили во прав

½ до 1 лажица ѓумбир во прав

Мед или стевиа по ваш вкус

5 лажици сок од лимон

1 литар вода

Приготвување:

Сварете 1 литар вода. Измешајте ги сите останати состојки и додадете им ја водата и оставете да се лади. Потоа сѐ добро измешајте и пијте во текот на денот.

Луѓето кои имаат проблем со сало на стомакот, често се ставаат себеси на диета и на тој начин дополнително си го зголемуваат стресот кој пак се одразува врз натамошно таложење на мастите на стомакот. Имено, телото ја доживува диетата како изгладнување, а тоа е дополнителен стрес. Вишокот килограми на половината може да укажува и на лошо варење.

Како да си помогнете:

Веднаш престанете со диетата

Исфрлете ги од исхраната јаглените хидрати, шеќерот и алкохолот

Наместо кафе, пијте чај

Хранете се здраво, на пример, со авокадо и со јаткасти плодови, растителни, наместо животински масти.

Обидете се да се опуштете

Квалитетно спијте

Бидете активни

Земајте пробиотици за да се нормализираат бактериите во цревата.

Исфрлете ги од употреба газираните сокови, редовно јадете и избегнувајте премногу мрсна и солена храна и не заборавајте дека со прескокнување на оброците, особено на појадокот, нема да ослабнете, туку ќе постигнете контра ефект и ќе го зголемите ризикот од појава на дијабетес.