Чоколадна италијанска кростата

Чоколадото и бадемите споите ги на најубав и највкусен начин во овој италијански класик

0
479

Подгответе го тестото, додадете фил од чоколадо и бадмеи, па се заедно право во рерна. Додека чекате питата да се испече, изматете слатка павлака која ќе послужи како одличен контраст на чоколадното полнење на питата.

На крајот поросете ја со ситно исечкани бадеми, лешници или ореви.

Состојки:

За тестото:

400 г брашно

3 јајца

150 г шеќер

150 г путер

За филот:

200 г чоколадо со 70% какао

½ шолја млеко

100 г шеќер

30 г бадеми

Приготвување:

Ставете го брашното на работна површина и направете дупка во средината. Во неа ставете ги изматените јајца па додадете шеќер и се помешајте. Додадете го ладниот путер исечкан на коцки.

Месете од три до пет минути додека тестото не стане еластично, но работете брзо за да не се стопи путерот.

Завиткајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер на 30 минути.

Извадете го тестото на набрашнета површина и пресечете го на половина. Едната половина расукајте ја и ставете ја во намрсена тепсија за печење. На пареа стопете чоколадо помешано со млеко, шеќер и исечкани бадеми. Оладете малку па ставете ја смесата во калапот со тетсото. Претходно, избоцкајте го тестото со вилушка на неколку места.

Расукајте го другиот дел од тестото, исечете го на ленти и преклопете ги врз филот. Печете на 180°c од 40 до 45 минути, изладете па послужете.