Наберете цвеќе, украсете ја храната, изедете го

Познато е дека цвеќето позитивно влијае на расположението и воопшто, на емоционалната состојба на човекот, а сега е тренд со цвеќе да се украсува храната, и истото да се консумира

0
349

Цветовите од рози помагаат за работата на црниот дроб и цревата. Камилицата го ублажува стресот и го зајакнува имунитетот. Бегониите ги елиминираат токсините и го чистат црниот дроб. Хризантемите ги лекуваат грипот и настинката.

Валерианот смирува и ја олеснува несоницата. Невенот ги ублажува менструалните болки и болките во грлото. Поточарката која има антивирусни и антибактериски својства, лекуваат настинка, респираторни инфекции и болести на уринарниот тракт. Цвеќето од сливи се користи за лекување на кашлица, болести на бели дробови и диареја.

Внимавајте цвеќето што ќе го берете да биде далеку од сообраќајниците, од фабрики, да не е од прскани градини и слично.

Во наше време за одгледување на цвеќе се користат многу пестициди па затоа е најдобро сами да си го наберете она цвеќе за кое сте сигурни дека е домашно и безбедно. Не консумирајте цвеќе од цвеќарниците!

Избегнувајте цвеќе кое изгледа болноили кое го јаделе бубачки.

Добро измијте го цвеќето такашто нежно ќе го потопете во сад со солена вода. Ако сакате да го „оживеете“ цвеќето, нурнете го во сад со ледена вода на 30-60 секунди. Потоа исушете го на хартиена салфета. Ако сакате да го оставите за подоцна, ставете цели цветови во стаклен сад со вода и ставете ги во фрижидер.

Приготвување на јадливо цвеќе

Ќе ви требаат:

Јадливо цвеќе

Вода

Сол

Салфети или кујнска крпа

1 белка

Потенка сликарска четкичка

Кристал шеќер или шеќер во прав

Приготвување:

Во еден сад направете мешавина од топла вода и малку сол.

Цвеќето нурнете го во вода па ставете го на хартија и оставете го малку да се просуши. Можеби 15-тина минути.

Изматете ја белката со вилушка се додека не почне да се пени.

Со сликарска четкичка премачкајте го цвеќето, поросете по него шеќер и ставете го на нова хартија повторно да се суши. За ова ќе им требаат неколку часа, во зависност од температурата на просторијата во која се суши.

Украсете го си нив саканото јадење.