Постојат некои конзервирани производи кои се практични и кои можат да бидат добар избор и во поглед на заштеденото време за подготвување и во однос на нутритивниот состав, но има некои кои се апсолутно лоши и не ви ги препорачуваме.
Еве ги трите најдобри и трите најлоши јадења во конзерва.
Најдобри:
- Грав
Нема причина да не се купуваат грав и мешунки во конзерва. Тие се конзервирани но сѐ уште содржат влакна и протеини и се лесен додаток на тестенините и салатите. Сепак, добро е да се исплакне целата конзерва – вклучувајќи го и врвот на капакот – и гравот внатре.
2. Зеленчук
Секогаш можете да купите зеленчук, свеж или замрзнат, но не е лош ниту конзервираниот. Кога станува збор за најдобрата храна што може да се купи во конзерва, зеленчукот сигурно е на оваа листа, бидејќи е конзервиран во полна зрелост, па се сѐ уште хранлива опција.
Освен тоа, конзервираните зеленчуци се лесни за складирање и никогаш не треба да се грижите за тоа дека ќе изгубат на свежина ако не ги консумираме брзо по купувањето. Исто како и мешунките, изберете ја опцијата со најниска содржина на натриум.
3. Риба
Лососот, туната и сардината се одлични конзервирана храна. Тие се „поефтина и лесна опција за да се снабдите со протеини и омега-3 масни киселини и поздрави за срцето од свежите.
Во салата, во сендвич или на некој друг начин, тие се секогаш здрав избор за брз ручек. Конзервираната риба е навистина економичен начин да се добијат некои протеини и здрави масти.
Најлоши:
- Супа
Кога станува збор за супа, навистина треба да бидете внимателни. Повеќето видови на конзервирани супи имаат висок процент на натриум, а тоа е невозможно да се „исплакне.
2. Паста
Честопати тестенините можат да содржат навистина висок процент на натриум. Наместо подготвени тестенини, одвојте 10 минути повеќе за да ги подготвите сами.
3. Овошје
Кога може да имате свежо овошје, навистина не ви треба овошје во конзерва и сите можни сокови и сирупи. Овошјето е слатко само по себе. Конзервираните плодови имаат „цел тон“ конзерванси и шеќерен сируп за да бидат здрави.