Најмногу време ќе ви одземе рендањето на морковите, јаболката и бататот.
Во зависност од големината на тавата прилагодете го рецептот. Нашиот колач излезе малку потенок, но сепак е вкусен.
Состојки:
1 шолја рендани јаболка
1 шолја рендан батат (сладок компир)
1 шолја рендани моркови
1 ванилин шеќер
1 лажица рум
малку цимет
1/2 шолја кафеав шеќер (излезе дека е ова премногу благо, па можете да намалите, особено ако како и ние, додадете 3-4 сечкани урми)
1/2 растопено кокосово масло
1/2 шолја оризово млеко
1 прашок за пециво
1 шолја гриз
1/2 интегрално брашно
црно чоколадо за преливот
Приготвување:
Излупете ги морковите, јаболката и бататот и изрендајте ги, додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер, 1 лажица рум и малку цимет.
Во друг сад измешајте ги останатите состојки па додадете ги морковите, јаболката и бататот, убаво измешајте и ставете во подмачкано тавче.
Печете 30-40 минути во загреана рерна на 190 степени.
Стопете го чоколадото со малку вода и прелијте го колачот.