Тост со авокадо и јајце на око
Одберете леб од цели зрна кој е полн со влакна и препечете една кришка на тост.
Состојки:
1 лажичка маслиново масло
1 јајце
Пола авокадо
Парче леб
Сол, црн пипер
Приготвување:
Јајцето испржете го на маслиново масло. Авокадото намачкајте го на лебот, па ставете го јајцето и зачинете.
Нутритивна вредност: 345 калории, 21 г масти (заситени 4 г., незаситени – 16), 12 г протеини, 30 г јагленохидрати, 11 г влакна, 1 г шеќер. Оброкот содржи калциум и магнезиум.
Путер од кикирики со овесни снегулки и малини
Ако сакате поблаги вкусови, овој оброк заблажете го со урми. Наместо путер од кикирики можете да користите и некој друг путер од јаткасти плодови.
Состојки:
2згмечени урми
пола шолја вода
пола шолја бадемово млеко
пола шолја овесни снегулки
малку сол
една лажица путер од кикирики
пола шолја замрзнати малини
Приготвување:
Ставете ги урмите и постепено додавајте вода па згмечете ги. Во еден сад ставете го бадемовото млеко и загрејте го па додадете ги овесните снегулки, намалете ја температурата и мешајте пет минути додека смесата на стане кремава. Тргнете од оган и додадете го путерот од кикирики. Ставете во сад и додадете ги малините.
Мутритивни вредности: 336 калории, 13 г масти (2 г заситени, 10 г незаситени), 11 г протеини, 49 г јагленохидрати, 10 г влакна, 14 г шеќер. Содржи натриум, калциум и магнезиум.
Кајгана и црн грав во тортилја
Купете пченкарни тортилји и кратко загрејте ги во тава од двете страни.
Состојки:
2 големи јајца изматени
Прстофат сол
2 тортилји
1/3 шолја црн грав од лименка
Малку кромид (по желба)
Приготвување:
Изматените јајца можете да ги испржите без масло во тавче за палачинки со малку сол. Поделете ја кајганата на два дела и ставете ја во тортилјите, додадете грав и малку кромид.
Нутритивни вредности: 347 калории, 12 г масти ( 3 г заситени и 8 г незаситени), 21 г протеини, 39 г јагленихидрати, 9 г влакна, 3 г шеќер. Содржи натриум, калциум и магнезиум.