Идеален есенски прилог: Моркови со путер и цимет

Искористете го циметот во подготвувањето на прилозите и изненадите ги домашните со нови вкусови.

0
1120

Овие слаткасти моркови се идеални како прилог за ручек, наместо некој од вообичаените додатоци. Подготовката е едноставна, а кога ќе ги пробате дефинитивно нема да зажалите.

Состојки:

15 излупени моркови
75 г путер
80 г шеќер
1 лажичка сол
1/2 лажичка цимет
0.8 дцл врела вода
1 лажица сок од портокал

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Измешајте ги путерот, шеќерот, солта и циметот. За време на мешањето полека додавајте ги врелата вода и сокот од портокал.
Наредете ги морковите во тепсија за печењеи прелијте ги со подготвената смеса. покријте ги со фолија и печете околу 1 час.
Послужете ги веднаш.